Достапни линкови

Активиран механизмот за спорови од нуклеарниот договор со Иран


Шефот на европската дипломатија Џозеп Борел

Германија, Британија и Франција го активираа механизмот во случај на несогласување од нуклеарниот договор постигнат меѓу Иран и светските сили во 2015 година. Трите европски земји, кои се потписници на договорот заедно со Кина, Русија и САД, како и Европската унија наведуваат дека го активираат процесот кој може да доведе до санкции од Обединените нации против Иран, но дека не се придружуваат на кампањата на Вашингтон за максимален притисок.

Шефот на европската дипломатија Џозеп Борел денеска зборувајќи за писмото кое до него го испратија министрите од трите земји, а во кое бараат активирање на механизмот, рече дека целта не е повторно воспоставување на санкции, туку да се решат прашањата поврзани со спроведување на договорот.

Иран презеде неколку чекори во неисполнување на обврските од договорот од 2015 година откако американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година ги повлече САД од договорот и почна да воведува санкции кон Техеран.

XS
SM
MD
LG