Достапни линкови

Вучиќ: нема со тенкови да влегувам во Црна Гора


Српскиот претседател Александар Вучиќ и патријархот на СПЦ Иринеј

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека сака да разговара и да прави договори со официјални претставници на Црна Гора по повод спорниот Закон за верски слободи, но не „на сметка“ на српскиот народ во таа земја. „Нема со тенкови да одам на Црна Гора, сакам да разговарам и да правам договори, но не на сметка на српскиот народ. Мислам дека тоа е рационално и одговорно размислување“, рече Вучиќ, оценувајќи дека властите во Подгорица нема да ја сменат одлуката за спорниот закон. Тој додаде дека усвојувањето на овој закон го разбуди српскиот народ не само во Црна Гора, туку и во Србија и Република Српска, бидејќи, како што наведе „чувствуваат неправда и оти се им е дозволено на другите, но не и на Србите“.

XS
SM
MD
LG