Достапни линкови

Централен регистар: Заканите до новинарката не се единствените од Јакимовски


Директорката на Централниот регистар на Македонија, Марија Бошковска- Јанковски, денеска преку соопштение ги осуди заканите на вработениот Емил Јакимовски преку Интернет врз новинарката и заменик-уредникот на А1он, Мери Јордановска.

„Сакаме да истакнеме дека поради нарушување на работниот ред и дисциплина, како и закани кон вработени во Централниот регистар на Република Северна Македонија против Емил Јакимовски веќе е отворена дисциплинска постапка. Комисијата се уште нема одлука, бидејќи вработениот Емил Јакимовски веќе неколку месеци е на боледување.

Според новинарката Јордановска, Јакимовски ѝ се заканувал со погрдни зборови и навреди преку пораки упатени директно до неа. Таа на нејзиниот Фејсбук профил објави и фотографии од заканите на Јакимовски, меѓу кои, меѓу останатите, има и: „Фејкерка смрдена, да ти креираат некролог. Кај ќе ме пријавите? МВР е на ВМРО“.

Во реакцијата на директорката на Централниот регистар, каде е вработен јакимовски, стои и дека „во изминатиот период во МВР има повеќе пријави од вработени во Централниот регистар поради закани од истото лице“.

„Меѓу пријавите поднесени во МВР е и пријавата поднесена од мене лично како директор на Централен регистар Република Северна Македонија ,каде во изминатиот период сум мета на постојани напади и закани од Емил Јакимовски. Централниот регистар секогаш имал одлична соработка со медиумските работници и новинарите и затоа апелираме МВР и истражните органи да ги испитаат ваквите наводи и да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на случајот“, стои во реакцијата од директорката на Централен регистар, Марија Бошковска Јанковски.

Претходно реагираше и новинрскиот синдикат од каде побараа итна истрага за заканите и санкции за Јакимовски.

XS
SM
MD
LG