Достапни линкови

45 компании аплицирале за 2,7 милиони евра грантови од ФИТР


Четириесет и пет домашни компании ја искористија можноста да аплицираат преку новововедената скратена „Fast track“ постапка на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој на ФИТР, соопшти Фондот за иновации и технолошки развој.

Компаниите од Фондот побаруваат 2 милиони и 750 илјади евра, што е речиси 92% од вкупниот буџет наменет за овој повик во рамките на скратената постапка кој изнесува 3 милиони евра. Вкупниот обем на инвестиции е 8.8 милиони евра од кои над 6 милиони се инвестиции на самите компании, бидејќи Владата обезбедува до 30отсто, а останатите 70 отсто се влог на компаниите.

Најголем дел од компаниите апликанти се мали (24) и микро (17) претпријатија, додека останатите се средни (4). Компаниите апликанти се речиси од целата земја, меѓу кои во најголем дел од Скопје, Штип, Велес, Охрид, Крушево, Тетово и Гостивар. Нивните проекти со кои сакаат да го унапредат нивото на технолошки развој се од 15 области од кои доминантно во секторот, трговија и продажба, како и маркетинг, земјоделие, градежништво, енергетика, угостителство и медицина.

XS
SM
MD
LG