Достапни линкови

Пакистан: Деветмина загинати во експлозија во џамија


Експлозија на бомба во југозападниот пакистански град Куета

Девет лица меѓу кои еден полицаец загинаа, а десет се повредени во експлозија на бомба во југозападниот град Куета, соопшти полицијата.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот кој се случи денеска. Куета е главен град на провинцијата Балочистан,која граничи со Авганистан.

Провинцијата има проблеми со исламистички милитантни напади и сепаратистичко востание кое доведе до илјадници жртви од 2004 година.

XS
SM
MD
LG