Достапни линкови

Иран ќе ги симне податоците од црните кутии од украинскиот авион


Иран - местото каде што се урна украинскиот авион во близина на Техеран.

Иран соопшти дека ќе тие ќе ги симнат податоците од црните кутии од украинскиот авион кој се урна во близина на Техеран неделава при што загинаа сите 176 луѓе кои беа во леталото.

Ова следува откако повеќе официјални лица од западните земји сугерираа дека авионот е урнат од ракета која била испукана по грешка.

Претставниците на иранската цивилна авијација денеска ги отфрлија таквите наводи од Соединетите Американски Држави, Британија и Канада чии лидери кажаа дека според разузнавачките информации можно е причина за падот да е катастрофална грешка на иранската воздушна одбрана.

„Преферираме ние во Иран да ги симнеме податоците од црните кутии. Но ако видиме дека не можеме поради тоа што кутиите се оштетени, тогаш ќе побараме помош“, рече шефот на иранската цивилна авијација Али Абеџеде на денешната прес конференција.

Изјавата на Абеџеде доаѓа откако Техеран им дозволи пристап на украински истражители до деловите од авионот и покани стручни лица од производителот Боинг и од Соединетите Американски Држави да помогнат во истрагата за несреќата.

XS
SM
MD
LG