Достапни линкови

Назначени началници и нивни заменици во МВР


Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека се назначени 12 началници и нивни дополнителни заменици. Ова значи дека техничкиот министер Наќе Чулев и дополнителната заменичка министерка Славјанка Петровска дале согласност за тие кадровски решенија, како што ги обврзува и Законот за влада.

Како што информира МВР назначени се првите луѓе и нивните заменици во секторите за внатрешни работи во Скопје, Охрид, Штип, Битола, Велес, Струмица, и во Одделението за внатрешни работи во Прилеп, како и на раководните позиции на други полициски структури.

Претходно МИА јави дека нема договор меѓу Чулев и Петровска за началникот на СВР Скопје оти министерот го предлагаше Ристо Ставревски што за Петровска беше неприфатливо. Таа за државната агенција тоа го образложи дека за Ставревски имало аудио снимки од кои можело да се чуе дека тој врши притисоци врз гласачи. Но, во соопштението од МВР се наведува дека Ставрески е назначен за началник на СВР Скопје, а негов заменик е Тони Јакимовски.

XS
SM
MD
LG