Достапни линкови

ЕУ бара начин и да преговара со Скопје и Тирана и да се реформира


Загреб- претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Проширувањето на Европската Унија и отворањето на преговори за членство на Северна Македонија беше една од темите на состанокот на хрватската Влада и Европската комисија.

Како што јави дописникот на МИА од Загреб, на прес – конференцијата по состанокот претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, изјави дека за Унијата е многу значајна соработката со Западен Балкан, а со тоа очекува и позитивни придвижувања во насока на отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија.

„Мораме да најдеме начин паралелно да се одвиваат преговорите со Северна Македонија и Албанија и внатрешните реформи во Европската Унија. Набрзо ќе биде објавен новиот предлог за методологијата на преговори за членство во ЕУ“, изјави фон Дер Лајен.

Хрватска од први јануари го презеде шест месечното ротирачко претседателство со Унијата. Скопје и Тирана не добија датум за преговори на самитот на ЕУ во октомври лани, поради инсистирањето на Париз на нова методологија за преговори. Следниот самит на ЕУ треба да се одржи во мај во Загреб.

XS
SM
MD
LG