Достапни линкови

Ле Дријан: Иран може да има нуклеарно оружје за една до две години


Францускиот министер за надворешни работи Жан -Ив Ле Дријан

Францускиот министер за надворешни работи Жан -Ив Ле Дријан предупреди дека ако Техеран продолжи да го прекршува нуклеарниот договор постигнат со светските сили за една или две години Иран може да создаде нуклеарно оружје.

Првиот човек на француската дипломатија ова го изјави денеска пред итниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија на кој треба да се разговара за зголемените тензии меѓу Иран и САД. До нив пак дојде по американскиот напад во кој во близина на Меѓународниот аеродром во Багдад, загина иранскиот генерал Касем Солејмани. Потоа, како одмазда Иран испука ракети кон воени бази во Ирак во кои имаше американски војници.

Нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили беше склучен во 2015 година, но откако Вашингтон во 2018 година се повлече од него, Техеран презема чекори кон негово поништување.

XS
SM
MD
LG