Достапни линкови

Пленковиќ: создаваме атмосфера за преговори со Скопје и Тирана


Архивска фотографија- Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изрази уверување дека Северна Македонија и Албанија ќе можат наскоро да ги почнат преговорите за зачленување во Европската унија.

На заедничката прес конференција во Загреб со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, Пленковиќ вчера рече дека неговата земја се обидува да создаде позитивна атмосфера која ќе ги донесе двете земји до преговори.

Хрватска од први јануари го презеде шестмесечното ротирачко претседателство во Унијата. Хрватската Влада и Европската комисија денеска одржуваат заеднички состанок во Загреб, на кој теми се актуелните состојби во Унијата, Брегзит, европските „зелени проекти” и Шенген. Пред состанокот се одржа тет-а-тет средба меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и Пленковиќ, а најавена е и заедничка прес-конференција.

XS
SM
MD
LG