Достапни линкови

Претставници на ЕУ на концерт за претседавањето на Хрватска


претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ

Високи претставници на Европската унија и на Хрватска синоќа присуствуваа на концерт со кој Загреб свечено го одбележа почетокот на шестмесечното претседавање со ЕУ. На коцертот меѓу другите беа и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Хрватска од 1 јануари го презеде од Финска ротирачкото претседавање со ЕУ, а на 1 јули ќе и го предаде на Германија. „Силна Европа во светот полн со предизвици“ е слоганот што Хрватска го избра за нејзиното претседавање. Премиерот Андреј Пленковиќ потсети дека Хрватска е најмладата членка на ЕУ.

XS
SM
MD
LG