Достапни линкови

Труд и социјала- министерката и заменичката во конфликт


Архивска фотографија- Техничката влада на РСМ

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска на прес конференција информира дека според податоците што ги добила од центрите за социјални работи во моментов има поднесени и нерешени 11.514 барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Тоа, според неа, говори дека досега Владата и Министерството ги ставале под тепих проблемите на граѓаните и дека се пробиени сите рокови, првичниот од 30 дена од поднесување на барањето и вториот рок од дополнителни максумум триесеттина денови ако се работи за посложени предмети.

На ова реагираше заменик министерката за труд и социјална политика Санела Шкриељ која тврди дека Мизрахи не го знае Законот за социјална заштита.

„Ако Мизрахи го прочита новиот Закон за социјална заштита, ќе дознае дека рокот за постапување за предметите за помош и нега од друго лице е 60 дена, а не еден месец како што тврди. Мизрахи во својата прес конференција се повикува на погрешен закон, а тоа е Законот за општа управна постапка. Како за појаснување, рокот е утврден во членот 282 од Законот за социјална заштита и тој е утврден на 60 дена“, се вели во реакцијата на заменик-министерката Шкриељ.

Од минатата недела почна да функционира техничката влада која треба да ги организира изборите договорени за 12 април 2020 година. Според Законот за влада во неа министри од ВМРО-ДПМНЕ има во министерствата за внатрешни работи и труд и социјала, а заменици министри во министерствата за финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација.

XS
SM
MD
LG