Достапни линкови

Нов обид за формирање влада во Косово


Архивска фотографија- Лидерот на Самоопределување Албин Курти

Лидерите на партиите победнички на парламентарните избори од 6 октомври во Косово, Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Албин Курти и Иса Мустафа, ќе се сретнат денеска во нов обид да постигнат договор за формирање на новата влада на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Неименуван извор од ВВ за порталот Коха.нет изјави дека не може да се каже со сигурност дали денеска ќе има конечен договор за владина коалиција, но „изгледите се големи дека договор ќе се постигне, бидејќи се гледа оптимизам и во редовите на ЛДК“. Ова ќе биде трета средба на Курти и Мустафа во последните неколку денови, откако преговорите беа прекинати по конститутивната седница на Собранието, на 26 декември, на која за парламентарен спикер беше избран Глаук Коњуфца од ВВ, наспроти претходните најави дека таа позиција ќе му припадне на ЛДК.

На вонредните парламентарни избори на 6 октомври победи ВВ со освоени 26,27, додека ЛДК беше втор со 24,54 отсто од гласовите, така што во 120-членото Собрание партијата на Курти има 30, а онаа на Мустафа 28 пратеници.

XS
SM
MD
LG