Достапни линкови

Одбележан контроверзниот Ден на Република Српска


Бања Лука- српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, 09.01.2020

Босанските Срби денеска го одбележаа Денот на Република Српска, контроверзен датум на чие одбележување се спротиставуваат другите етнички групи во Босна и Херцеговина. Деветти јануари се одбележува датумот на кој во 1992 година босанските Срби прогласија своја држава во Босна што предизвика четири годишен конфликт во кој загинаа околу 100 000 луѓе, а милиони останаа без своите домови.

Иако Уставниот суд на Босна и Херцеговина во 2015 година го прогласи празникот за неуставен одбележувањата продолжија. Во Бања Лука, главниот град на српскиот ентитет во земјата, каде што се одржа церемонијата беа интонирани химните на Република Српска и на Србија, но не и химната на Босна и Херцеговина. На прославата присуствуваа претседателот на Република Српска Жељко Цвијановиќ и српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик кој рече дека Србите имаат две држави- Република Српска и Србија.

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин исто така присуствуваше на одбележувањето. Босанските муслимани и Хрватите, пак, инсистираат дека прославата не ги претставува сите етнички групи кои живеат во Република Српска.

XS
SM
MD
LG