Достапни линкови

Рама: не се вознемирувајте од изјавата на Хаменеи


Архивска фотографија- Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека не е изненаден од изјавата на иранскиот врховен лидер, Али Хаменеи, кој Албанија ја прогласи за непријател и ја нарече „мала ѓаволска земја“, која засолнила нивни непријатели. Во интервју за Топ чанел Рама изјави дека Албанија во сојузот со САД не придонесува со ракети и бомби, туку преку хуманитарна операција за сместување на муџахедините.

„Во однос на безбедноста, ние бевме и сме во тесна координација со САД. Секогаш постои вознемиреност кога станува збор за ситуации кога вознемирува една диктатура, особено диктатура како онаа на Иран. Има моменти не само кога треба да земеме, туку и да дадеме. Им порачувам на сите Албанци дека не треба да има ни најмала вознемиреност и САД се многу посветени на безбедноста на нашата земја“ , изјави Рама.

Од 2016 година, кога во Албанија пристигна првата група, во т.н. „град на муџахедините“ сместени се над 3.000 припадници на иранската опозиција (МЕК).

XS
SM
MD
LG