Достапни линкови

ОБСЕ ги повика партиските поддржувачи да се воздржат од навреди


Илустрација- логото на ОБСЕ

Мисијата на ОБСЕ во Скопје изразува осуда на сите форми на расизам, антисемитизам и нетолеранција. Мисијата, на својата официјална страница на Фејсбук, ги повика членовите и поддржувачите на сите политички партии да се воздржат од изразување и споделување навредлива содржина на етничка, верска или друга основа.

„Предизборните периоди се времиња кога државите се особено ранливи на говор на дискриминација и нетолеранција, што може да доведе до сериозни последици. Податоците на Мисијата и на локалните НВО од изминатите седум години покажуваат дека инцидентите од говор на омраза во Северна Македонија историски бележат пораст за време на предизборните периоди, особено по основ на етничка и политичка припадност“, наведува ОБСЕ.

Деновиве актуелни во јавноста беа обвинувањата за антисемитски напади врз техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи. Претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ Христијан Мицкоски и Зоран Заев ги осудија таквите напади.

XS
SM
MD
LG