Достапни линкови

Во Белград протест против новиот верски закон во Црна Гора


Протест пред црквата Свети Сава во Белград

Илјадници луѓе протестираа во Белград против, според нив, намалувањето на верските и другите права на српското малцинство во соседните земји. Протестот пред црквата Свети Сава на кој учествуваа десничарски и навивачки групи беше предводен од попови на Српската православна црква. Ова беше трет протест во Белград чиј повод е контроверзниот нов закон за верските права што во минатиот месец помина во парламентот на Црна Гора. Според законот кој вчера стапи во сила, верските заедници мора да докажат дека поседуваат имот пред 1918 година.

XS
SM
MD
LG