Достапни линкови

Новиот еврокомесар за проширување во идната недела во Скопје


Новиот еврокомесар за соседство и проширување Оливер Вархели

Новиот еврокомесар за соседство и проширување Оливер Вархели на 15 и 16 јануари ќе престојува во посета на Северна Македонија, јавува новинската агенција МИА, повикувајќи се на извори во Брисел. Тоа ќе биде негова прва посета по стапувањето на функцијата еврокомесар. На 18 декември вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се сретна со Вархели во Брисел, при што му го претстави реформскиот план на Владата до самитот на Европскиот совет во март. Еврокомесарот Вархели, минатиот месец рече дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат на пролет. Тој тогаш рече дека ЕУ треба да ја исправи грешката од октомври. Земјите-членки на ЕУ не се договорија за почеток на преговори со двете земји, поради противењето на Франција, која пак, услови со нова методологија на преговарање.

XS
SM
MD
LG