Достапни линкови

Борел: нападот брз базите на САД пример за растечка конфронтација


Белгија- Комесарот на Европската унија за надворешна политика Џозеф Борел

Комесарот на Европската унија за надворешна политика Џозеф Борел го опиша иранскиот напад врз американските војници во Ирак како уште еден пример на ескалација на состојбите и растечка конфронтација. Денеска во Брисел тој нагласи дека не е во ничиј интерес зголемување на насилството, додавајќи дека министрите на земјите- членки на Европската унија ќе одржат специјален состанок в петок за да дискутираат што може меѓународната заедница да стори за стабилизација на регионот.

Борел рече и дека го поканил иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф и додаде дека нуклеарниот договор со Иран, кој се чини дека е пред колапс, сега е поважен од кога било.

XS
SM
MD
LG