Достапни линкови

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во Скопје


Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, воздухопловниот маршал Стјуарт Пич

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, воздухопловниот маршал Стјуарт Пич престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија. Пич, кој е претседавачот на највисокото воено советодавно тело на НАТО, денеска ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по што ќе биде информиран за плановите и процесот на трансформација на командите и единиците на Армијата. За време на престојот тој ќе ја посети и Канцеларијата за врски на НАТО, а утре ќе биде примен и од претседателот на Републиката и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски.

XS
SM
MD
LG