Достапни линкови

170 загинати во уривањето на украински авион кај Техеран


Украински патнички авион се урна кај Техеран

Украински патнички авион со околу 170 луѓе се урна во средата веднаш по полетувањето во близина на аеродромот „Имам Хомеини“ во иранскиот главен град Техеран, јави државната телевизија. Се претпоставува дека несреќата била предизвикана од механички проблеми. Несреќата се случи неколку часа откако Иран изврши балистички ракетни напади насочени кон две бази во Ирак, во кои се распоредени американски сили. Тоа, како што се наведува во Техеран, било одмазда за убиството на генералот на Револуционерната гарда Касем Солејмани.

XS
SM
MD
LG