Достапни линкови

Иран нападна цели на САД во Ирак


Иран нападна цели на САД во Ирак

Иран изврши напади со над десетина балистички ракети врз неколку цели во Ирак, вклучувајќи и две воени бази во кои има американски војници и коалициски сили, соопшти Пентагон. Станува збор за воените бази Аин Асад и Ербил. Иранската исламистичка Револуционерна гарда ја презеде одговорноста за нападите, соопшти иранската државна телевизија, наведувајќи дека тие биле одговор за убиството на иранскиот воен командант Касем Солејмани кој во минатата недела загина во американски воздушен напад. Во соопштението на Револуционерната гарда се наведува дека и натаму ќе бидат извршувани слични напади. Во меѓувреме американскиот државен секретар Мајк Помпео и министерот за одбрана Марк Еспер се на консултации во Белата куќа.

XS
SM
MD
LG