Достапни линкови

САД немаат одлука за повлекување од Ирак


Министерот за одбрана на Соединетите држави Марк Еспер

Министерот за одбрана на Соединетите држави Марк Еспер изјави дека Вашингтон нема донесено одлука за повлекување на војниците од Ирак откако се појави писмо на еден американски генерал во кое се навестува заминувањето на американците од таа земја. Еспер додаде дека не знае ништо за такво писмо, но прецизира дека има извесно прегрупирање на американските сили. Ирачкиот парламент деновиве побара од владата да ги протера од земјата силите на меѓународната заедница на чело со САД. Тензиите во регионот значително се зголемија откако САД во петокот го убија иранскиот генерал Касем Солејмани.

XS
SM
MD
LG