Достапни линкови

Трамп: санкции за Ирак поради можното повлекување на американските сили


американскиот претседател Доналд Трамп

По 17-дневен престој во неговиот имот на Флорида, американскиот претседател Доналд Трамп се врати во Вашингтон. Според извори во Белата куќа, Трамп му се заканил на Ирак со санкции, го повторил предупредувањето за бомбардирање на иранските културни места и вети „голема одмазда“ доколку Иран се обиде да одговори на убиството на иранскиот воен командант Касем Солејмани. Одговарајќи на одлуката на ирачкиот парламент за протерување на американските трупи откако Солејмани беше убиен минатата недела на аеродромот во Багдад, Трамп рече: „Ние не заминуваме освен ако не ни платат за тоа. Потрошивме многу пари во Ирак. Имаме воздушна база таму. Чини милијарди долари за изградба“. Доколку Техеран се одмазди за убиството на Солејмани, американскиот претседател рече дека нема да исклучи напади врз ирански културни места, отфрлајќи ги загриженоста во рамките на неговата администрација дека таквата акција ќе претставува воено злосторство според меѓународното право.

XS
SM
MD
LG