Достапни линкови

СДСМ - Лажни се тврдењата дека Заев, негови блиски и соработници се вмешани во Рекет


Седиштето на СДСМ.

Од СДСМ преку соопштени реагираат дека лажни се тврдењата дека претседателот на партијата и доскорашен премиер Зоран Заев или кој било од неговото семејство или некој од неговите соработници биле вмешани во случајот во јавноста познат како Рекет. Од партијата велат дека тоа се тешки, перфидни лаги и клевети.

Претходно портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција рече дека Заев, владата и обвинителството мора да одговорат кој сè е вмешан во аферата Рекет. Стоилковски праша дали се точни пишувањата во медиумите за нови лица инволвирани во аферата „Рекет“. Дел медиуми пишуваа дека во аферата се вклучени и еден професор, новинар, советник од странство на Заев додека беше премиер, потоа блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, и човек од најголема доверба на Заев без кого не можело да се стокми ниту еден бизнис во земјата. Стоилковски рече дека „Рекет“ е производ и носечки столб на владеењето на Зоран Заев и на неговата влада.

Во соопштението на СДСМ дека наведува дека медиумите треба да бидат свесни дека се одговара за свесно изречени лаги и клевети.

Обвинителката Вилма Русковска, која го води случајот „Рекет“, ги негираше информациите дека обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, во исказот кој го дал во обвинителството за случајот со Меѓународен сојуз, спомелувал лица блиски до семејството Заеви.

XS
SM
MD
LG