Достапни линкови

Стаменковска Стојковски: За два месеци над 4000 огласи за вработувања во администрацијата


Од 6 ноември, кога стана познато дека ќе се формира техничка влада досега се распишани огласи за 4.131 работно место во државната управа, преку Агенцијата за вработување и Агенцијата за државни службеници, изјави денеска дополнителна заменичка министерка во Министерството за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски.

Таа посочи дека во услови кога забелешките се дека државната администрација е превработена и гломозна, со овие вработувања се прави, како што вели, брутална партизација на државниот апарат.

Стаменковска Стојковски на 3 јануари беше избрана за дополнителен заменик министер во новата техничка влада која треба да ги спроведе изборите.

На досегашните забелешки за вработувања во администрацијата пред избори, министерот за информатичко општество Дамјан Манчесвки се правда дека нема предизборни вработувања и оти институциите имаат потреба од кадар затоа што на крајот на годината се прекинуваат договорите за вработување на определено време.

XS
SM
MD
LG