Достапни линкови

ЕУ го покани во Брисел шефот на иранската дипломатија


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

Шефот на европската дипломатија Жозеф Борел го покани во Брисел иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, соопшти денеска ЕУ, и повторно повика на смирување на тензиите на Блискиот Исток.

Борел телефонски разговарал со Зарифи го поканил во Брисел, но не се наведува датумот, ни други детали.

Зариф и Борел истакнале дека е важно зачувувањето на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, кој е клучен за светската безбедност, се наведува во соопштението на ЕУ и се додава дека Унијата ќе продолжи да „ја игра улогата на координатор за зачувување на договорот“.

Врховниот совет за национална безбедност на Иран вчера се закани дека ќе ја одмазди смртта на генералот Касем Солејмани, кој беше убиен во американски воздушен напад во петокот, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

XS
SM
MD
LG