Достапни линкови

Пендаровски очекува новата влада да спроведе демократски избори


Претседателот Стево Пендаровски со членовите на новата техничка влада

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ги прими членовите на новиот состав на преодната Влада за спроведување на предвремените парламентарни избори.

„Претседателот Пендаровски го честиташе изборот на новиот владин состав и изрази очекување во овие историски моменти за нашата држава, кога треба да се заокружи полноправното членство во НАТО и да се одреди датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, да го потврдиме демократскиот капацитет на Северна Македонија и да се спроведат предвремените парламентарни избори во фер и демократска атмосфера“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Претходно Собранието едногласно го избра составот на новата техничка влада. Таа има мандат до 12 април, кога треба да се одржат предвремените парламентарни избори, а нејзина главна задача е да овозможи спроведување на фер и демократски избори. Премиерот Зоран Заев денеска си поднесе оставка, а за нов премиер во техничката влада е избран Оливер Спасовски.

XS
SM
MD
LG