Достапни линкови

Писма со експлозив пристигнале во неколку холандски компании


Холандската полиција го истражува случајот со испраќање на писма со експлозив кои биле пратени до неколку компании во три града. Писмо со експлозив денеска било пронајдено од страна на персоналот во луксузниот хотел Окура во Амстердам. Како што соопшти полицијата неделава биле пронајдени шест такви пратки. Писмата биле испратени на различни адреси во Амстердам, Ротердам и Утрехт, вклучувајќи два хотели, две бензински пумпи, агенција за недвижнини, дилери на автомобили и една банкарска канцеларија.

Пиротехничката единица на Министерството за одбрана денеска интервенирало и спречило експлозија на писмото.

„Експлозивот може да предизвика сериозни повреди“, соопшти полицијата од каде што се претпоставува дека писмата се средство за изнудување од некого.

Пронајдените писма се подебели од вообичаените и како испраќач е наведена една државна служба. Полицијата апелира до граѓаните доколку пристигнат такви писма, да не ги отвораат туку да ја повикаат полицијата за помош.

XS
SM
MD
LG