Достапни линкови

Пендаровски му го врачи мандатот на Спасовски


Архивска фотографија- Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој ќе биде технички премиер во преодната влада која треба да ги организира изборите договорени за 12 април 2020 година. Спасовски рече дека задача на владата ќе биде да направи се за да има фер и демократски избори. Сега Спасовски до Собранието треба да достави состав на новата техничка Влада и програма за работа, а пратениците треба да гласаат за неа. Сето ова, според најавите, треба да заврши до полноќ. Во нејзиниот состав, како што е предвидено со Законот за влада договорен во Пржино во 2015 година има двајца министри и тројца заменици министри од најголемата опозициска партија, во овој случај од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG