Достапни линкови

Убиството на Солејмани предизвика реакции на загриженост низ светот


Иран- протести поради убиството на генералот Касем Солејмани

Американското убиство на командант на силите на иранската Револуционерната гарда, генералот Касем Солејмани предизвика изјави за загриженост секаде низ светот. Техеран одговори со закани за одмазда за убиството кое се случи во близина на меѓународниот аеродром во ирачкиот главен град Багдад рано утринава.

Реагираа и Русија и Кина кои заедно со европските сили го одржуваат во живот нуклеарниот договор со Техеран постигнат пред четири години додека Вашингтон се повлече од него во 2018 година. Пекинг ја осуди употребата на сила во меѓународните односи наведувајќи дека ирачкиот интегритет и територијален суверенитет мора да се почитуваат. Кинеското министерство за надворешни работи ги повика страните, посебно САД, да останат смирени за да се избегне ескалација на тензиите.

Русија, која ги продолжи блиските односи со Техеран и по зголемување на тензиите меѓу САД и Иран го нарече убиството на Солејмани непромислено.Француската министерка за европски прашања Амели де Моншалин за РТЛ оцени дека се разбудиле во уште по опасен свет. Британскиот секретар за надворешни работи Доминик Рааб побара од сите страни да ја смират состојбата. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја прекина посетата на Грција по веста за убиството на Солемнеј да за, како што соопшти неговиот кабинет, да го следи развојот на настаните.

XS
SM
MD
LG