Достапни линкови

Јовановски секојдневно добивал притисоци и закани


Арихвска фотографија- Бојан Јовановски - Боки 13 во суд за случајот „Рекет“

Сашко Дукоски, адвокатот на првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски денеска рече дека неговиот клиент кој се наоѓа во притвор во затворот Скопје секојдневно имал притисоци и закани.

„Има закани за тоа дали ќе збори или нема да збори. Тие доаѓаат од надворешни лица, не е херметички затворен затворот Скопје и тој многу добро знае од кого добива и како ги добива. Овој процес е најмалку правен процес, туку е политички процес“, рече Дукоски.

Тој во изјавата која ја даде по завршувањето на денешното судско рочиште за случајот „Рекет “одговарајќи на новинарско прашање од каде доаѓаат тие закани не откри конкретно наведувајќи дека доаѓале „од висока позиција и од секакво милје“.

На денешното рочиште сведочеше обвинителката од поранешното Специјално јавно обвинителство Елизабета Јосифовска. Таа рече дека го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на бизнесменот Јордан Камчев, обвинет во предметот на Специјалното јавно обвинителство, „Империја“, по налог на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и ги објаснуваше процедурите на работа.

Адвокатот на второосомничената, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Дељо Кадиев го оцени сведочењето на Јосифовска како коректно. Досега освен Камчев во судот за „Рекет“ сведочеа и неговата сопруга, Ана Камчева, бизнисмени, поранешен новинар во 1ТВ, како и куќната помошничка на првообвинетиот, Бојан Јовановски – Боки 13.

XS
SM
MD
LG