Достапни линкови

Иранските власти најавија одмазда за убиството на Солејмани


Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хаменеи

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хаменеи се закани со „тешка одмазда“ кон „криминалците“ кои го убија иранскиот командант на силите на Револуционерната гарда, генералот Касем Солејмани во нападот во западен Багдад.

Хаменеи прогласи и три дневна национална жалост поради убиството на генералот. Солејмани беше убиен во можен напад со беспилотни летала додека патуваше со конвој возила во близина на аеродромот на главниот ирачки град Багдад. Нападот се случи рано утринава, а американската војска соопшти дека го извршиле за да го спречат Солејмани да организира идни напади врз американските интереси во регионот. Хаменеи вели дека акцијата на САД ќе ја удвои мотивацијата на иранскиот народ за отпор кон Америка.

И иранскиот претседател Хасан Рохани во телевизиско обраќање рече дека убиството ќе го направи Техеран по одлучен во отпорот кон САД и во одбраната на исламските вредности. Иранските медиуми јавуваат дека министерството за внатрешни работи го повикало швајцарскиот вршител на должност амбасадор, чија земја ги претставува интересите на САД во Иран во отсуство на дипломатски односи меѓу Вашингтон и Техеран и го информирале за силното противење на потегот.

XS
SM
MD
LG