Достапни линкови

Претседателот Пендаровски ќе му го врачи мандатот на Спасовски


Архивска фотографија- претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска, врз основа на член 84 од Уставот, а во согласност со член 43 од Законот за Владата, ќе му го врачи мандатот за формирање нова влада на Оливер Спасовски, соопшти кабинетот на претседателот.

Во соопштението се посочува и дека по завршувањето на седницата во Собранието за избор на новата Влада на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски во својот Кабинет – Вила Водно, ќе ги прими членовите на новиот владин состав. Термините за двата настани, врачување на мандатот и приемот за членовите на новиот состав на Владата, како што е посочено од кабинетот на Пендаровски, дополнително ќе биде соопштено.

Претходно премиерот Зоран Заев изјави дека ја потпишал оставката од премиерската позиција. По ова се очекува претседателот на Собранието да свика пленарна седница на која ќе биде констатирана оставката. Потоа техничкиот премиер Спасовски откако ќе го добие мандатот треба да ја предложи новата влада која треба да биде изгласана во Собранието. Сето ова се очекува да заврши најдоцна до полноќ. Техничката влада во која двајца министри и тројца заменици има ВМРО-ДПМНЕ треба да ги организира изборите договорени за на 12 април 2020 година.

XS
SM
MD
LG