Достапни линкови

Милановиќ и Грабар-Китаровиќ пред вториот круг претседателски избори


кандидатите за претседател на Хрватска Зоран Милановиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ

Економијата, надворешната политика и иселувањето на младите беше во фокусот на претпоследниот ТВ дуел на кандидатите за претседател на Хрватска Зоран Милановиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ. На прашање кој е најголемиот стратешки партнер на Хрватска Грабар-Китаровиќ изјави дека тоа се Соединетите Американски Држави, а Милановиќ кажа дека според него тоа дефинитивно е Германија и Европската Унија. Грабар-Китаровиќ го обвини Милановиќ дека додека бил премиер ги расипал односите со соседните земји, пред се, со Србија и Словенија, а тој и замери на Грабар-Китаровиќ дека воопшто не се бори и не ја коментира големата корупција во Хрватска. Милановиќ кажа дека доколку биде избран за претседател ќе се залага за повлекување на хрватските војници од Авганистан, додека Грабар-Китаровиќ кажа дека за тоа ќе се консултира со сојузниците од НАТО.

XS
SM
MD
LG