Достапни линкови

Продолжуваат протестите во Црна Гора против верскиот закон


протести во Црна Гора против верскиот закон, архивска снимка

Во повеќе црногорски градови продолжија протестите поради усвојувањето на Законот за слобода на вероисповедта. Во протестната литија од центарот на Беране до манастирот Ѓуѓеви столбови, оддалечен три километри, попладнево се собраа до сега најголем број граѓани, пренесе подгоричкиот портал Вијести. И на литијата во Бијело Поље, која одеше по градските улици, се собраа повеќе илјади верници, кои уште еднаш го изразија својот протест поради изгласувањето на законот. До овие протести доаѓа откако во црногорскиот парламент беше донесен законот со кој, меѓу другото, се бара од верските организации да покажат дека го поседуваат иметот од пред 1918 година, инаку тој имот оди во рацете на државата.

XS
SM
MD
LG