Достапни линкови

Грција, Кипар и Израел потпишаа договор за гасовод


Илустрација.Гасовод.

Грција, Кипар и Израел потпишаа договор за изградба на гасоводот EastMed за испорака на гас од источниот Медитеран кон Европа и покрај противењето на Турција за договорот.

На церемонијата на потпишувањето на договорот за изградба на гасоводот во Атина, присуствуваа премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, претседателот на Кипар Никос Анастасиадис и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху

"Ова е многу значаен енергетски проект кој претставува круна на една многу значајна трилатерална соработка во енергетиката, но и во други но и во други области, рече Мицотакис.

Нафтоводот е долг 2000 километри и ќе испорачува меѓу девет и 12 милијарди кубни метри гас годишно од Израел и Кипар до Грција, а потоа и во Италија и другите земји од југоисточна Европа.

.

XS
SM
MD
LG