Достапни линкови

Радман: Очекувањата за датум за ЕУ да се усогласат со реформите


Илустрација- знамињата на Хрватска и на Европската унија

Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман изјави дека се големи очекувањата од Самитот на Европска Унија во Загреб во мај, на кој главна тема ќе биде проширувањето со земјите од Западен Балкан, но оти истите мора да бидат усогласени со степенот на реформи што сакаат да ги постигнат земјите.

„Треба да се управува со очекувањата, а од друга страна ние ќе го поддржиме тоа што е реално и можно. Процесот на влегување во ЕУ не е од денес за утре и ние работевме силно и тешко на исполнувањето на сите критериуми и мерила“, посочи Радман за Н1 Загреб.

Хрватска од вчера го презема шестмесечното ротирачко претседавање со Европската унија. Македонскиот вицепремиер за европски прашања Бујар Османи кој денеска во Скопје се сретна со новата aмбасадорка на Хрватска во земјава, Нивес Тигањ рече дека очекувањата се навистина големи и дека биле свесни оти Хрватска ќе ги вложи сите напори за да го задржи процесот на проширување високо на агендата на ЕУ.

XS
SM
MD
LG