Достапни линкови

Турскиот парламент ќе гласа за праќање на војска во Либија


Архивска фотографија- турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се обраќа пред пратениците во турскиот парламент

Пратениците во парламентот во Турција денеска се очекува да гласаат за испраќање на војници во Либија како поддршка на тамошната влада која е поддржана и од Обединетите нации. Парламентарците се очекува да гласаат за предлогот на итна седница и покрај загрижувањата дека присуството на турската војска може да го заостри либискиот конфликт. Владата на премиерот Фајез Сарај со седиште во Триполи се бори против ривалската група со седиште на истокот која е предводена од генералот Калифа Хафтар.Силите лојални на генералот пак се поддржани од Египет, Обединетите Арапски Емирати и други вклучително и како што се верува руски платеници. Тие во април почнаа со офанзива за да го заземат главниот град. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека владата на Сарај побарала да се испратат турски војници. Според официјална Анкара праќањето војска е клучно за зачувување на турските интереси во Либија и источниот Медитеран.

XS
SM
MD
LG