Достапни линкови

Нетанјаху ќе бара имунитет од судско гонење


Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе побара од парламентот имунитет од судско гонење во три корупциски скандали. Неговата најава уследи по неколкумесечното избегнување да одговори на прашањето кои се неговите намери. Врз основа на измени на законите пратениците во израелскиот парламент немаат автоматски имунитет од судско гонење туку мораат да го бараат по што за тоа се изјаснуваат другите пратеници. Кога Нетанјаху ќе го поднесе барањето процесот против него се замрзнува се до одлуката на парламентот.

XS
SM
MD
LG