Достапни линкови

Во Црна Гора продолжија протестите против верскиот закон


протести во Подгорица

Во Црна Гора и синоќа беа одржани протестни поворки против Законот за слбода на вероисповедта. Повеќе илјади граѓани се собраа во Подгорица, како и во други градови во земјата. На собирите е порачано дека православните верници трпеле голема неправда. До овие протести доаѓа откако во црногорскиот парламент беше донесен законот со кој, меѓу другото, се бара од верските организации да покажат дека го поседуваат иметот од пред 1918 година, инаку тој имот оди во рацете на државата.

XS
SM
MD
LG