Достапни линкови

Проширувањето и Брегзитот, приоритети на хрватското претседавање со ЕУ


шефот на хрватската дипломатија Горан Грлиќ Радман

Прошируваето на Европската унија и Брегзитот ќе бидат приоритети на Хрватска за време на нејзиното шестмесечно претседавање со Унијата, изјави шефот на хрватската дипломатија Горан Грлиќ Радман. Хрватска која е најмладата членка на ЕУ има, како што рече Радман, „многу работа и важна задача за да овозможи исполнување на интересите на земјите членки, особно во врска со организацијата на нивните односи со Британија“. Во врска со проширувањето тој изјави дека „и покрај големите очекувања на земјите кандидати, Загреб ќе поддржи она што е реално и можно“. „Процесот на придружување во Унијата не се случува во еден ден, ние работевме многу за да ги постигнеме стандардите“, рече тој.

XS
SM
MD
LG