Достапни линкови

Телефонски разговор Меркел- Путин


Архивска фотографија- Германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски

Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин разговарале за прашања поврзани со Балтикот и Либија во телефонскиот разговор вчера, соопшти официјален Кремљ. Од таму наведоа дека разговорот бил по иницијатива на Берлин, а тврдат и дека двајцата лидери се согласиле оти е потребна понатамошна поддршка за гасоводот Северен поток 2, кој сега е погоден од американските санкции.

Меркел и други германските владини претставници ги критикуваа американските санкции кон Северен поток 2, гасовод кој се очекува да биде завршен во почетокот на 2020 година. Путин и германската канцеларка разговарале и за актуелната криза во Либија за каде што Русија соопшти дека ја поддржува германската мировна иницијатива. Портпаролот на германската влада рече дека двајцата лидери во телефонскиот разговор се согласиле за понатамошна соработка во обидите за дипломатско решение на кризата во Либија.

Теми на разговорот Путин- Меркел биле и војната во Сирија и размената на 200 затвореници меѓу Украина и сепаратистите поддржани од Русија, што го оцениле како посакуван развој на настаните.

XS
SM
MD
LG