Достапни линкови

Полска го обвини Путин дека лаже за Втората светска војна


Полскиот премиер Матеуш Моравјецки

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки го обвини рускиот претседател Путин дека лаже кога ја обвинува Полска за избувнување на Втората светска војна и наведе дека шефот на руската држава тоа го прави за да го сврти вниманието од неодамнешните политички неуспеси на Москва. Во тие неуспеси тој ги наведе суспензијата на руските спортисти поради допинг и неуспешниот обид на Москва за присоединување на Белорусија. Втората светска војна почна во 1939 година со инвазијата на нацистичка Германија врз Полска.

XS
SM
MD
LG