Достапни линкови

СДСМ децидна, предлогот за технички министер за внатрешни работи е неуставен


Macedonia - In anticipation of the press of SDSM

СДСМ смета дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ треба да предложи друг кандидат за технички министер за внатрешни работи и оценува дека по отворањето на дебатата во јавноста, јасно е дека предлогот
што опозициската партија го изнесен на синоќешната лидерска средба е спротивен на Уставот.

"Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висина на задачата и одговорноста која ја има со влезот во преодната Влада и порачуваме дека остануваме отворени за наоѓање прифатливо решение со кое нема да се крши Уставот. До 3 јануари има доволно време да се
постигне согласност и да продолжиме кон подготовката на изборите кои ќе се случат на 12 април" соопшти попладнето СДСМ.

Според партијата, Уставот е јасен и оти согласно со членот 97, лице кое раководи со МВР или со Министерството за одбрана треба да биде цивилно лице најмалку три години пред изборот на таа функција.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен на уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат, нагласува СДСМ.

"Не може да се повикувате на право, а да промовирате предлози спротивни на Уставот" велат од СДСМ.

XS
SM
MD
LG