Достапни линкови

Украина ги размени затворениците со сепаратистите


Источна Украина, размена на затвореници со сепаратистите.

Украинските власти и сепаратистите поддржани од Русија ја завршија размената на затвореници што се изврши во близина на селото Хорлива во источна Украина, соопшти канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Заедничката размена на затвореници заврши“, објави Зеленски на официјалниот профил на Твитер. Исто така, се наведува дека 76 лица се ослободени и се пренесени во владата.

Но, засега не е јасно колку затвореници им се предадени на сепаратистите.

Претходно денеска новинска агенција цитирајќи го претставникот на сепаратистите од Доњецк, објави дека се очекува украинската страна да им предаде 87 лица, а бунтовниците да дадат 55 заробеници.

XS
SM
MD
LG