Достапни линкови

Заев: Сигурен сум дека опозицијата нема да си дозволи кршење на Уставот


Премиерот Зоран Заев

Oдржувањето на изборите на 12 април треба да ги гледаме како затворено прашање и сите партии се согласни со датумот, вели премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле на македонски јазик.

"Преодната влада треба да се формира на 3 јануари и од тоа не треба да има никакви отстапки. На предлозите на опозицијата за министри и дополнителни заменици министри треба да се гледа на едноставен и прагматичен начин" нагласува Заев.

Во врска со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ министер за внатрешни работи во техничката влада да биде воено лице, Заев вели дека се појавува дилемата околу уставноста на ваквиот предлог, зато што Уставот експлицитно наметнува за министер да се назначи цивилно лице.

"Ќе продолжат разговорите со опозицијата, верувам дека оваа дилема брзо ќе се расчисти. Ги слушаме експертите, целата јавност веќе зборува за тоа. Ако е очигледно дека ова предложено решение не може да помине заради тоа што Уставот тоа не го дозволува, сигурен сум дека опозицијата нема да си дозволи да инсистира на кршење на Уставот и дека ќе може брзо да предложи друг кандидат околу кој би се согласиле" изјави Заев.

XS
SM
MD
LG