Достапни линкови

Вилдерс објави дека заврши конкурсот за карикатури на пророкот Мухамед


холандскиот десничарски партеник Герт Вилдерс

Холандскиот десничарски пратеник Герт Вилдерс денеска објави дека заврши конкурсот на кои беа прикажани карикатури на пророкот Мухамед,

Пишувајќи на Твитер Вилдерс рече дека меѓународниот интерес за натпреварот овозможил да се нагласи важноста на слободата на говорот.

„Мисијата е завршена. Крај на натпреварот“, напиша тој додека твиташе слика за, како што рече, победничкиот цртеж, прикажувајќи лут човек со долга брада.

Вилдерс откажа сличен настан во август минатата година, откако полицијата уапси маж кој се заканил дека планира да го убие.

Плановите за одржување на натпреварот резултираа со демонстрации во Пакистан. Многу муслимани сметаат дека карикатурите со пророкот се непочитување.

Во 2005 година, дански весник објави карикатури на пророкот Мухамед кои предизвикаа насилни демонстрации низ муслиманскиот свет. Вилдерс (56), познат по своите антиимиграциски и антиисламски изјави, доби доби заштита од холандска држава.

XS
SM
MD
LG