Достапни линкови

Ирански шахист освои сребрен медал, но не за својата држава


Алиреза Фируџа, најдобриот шахист од Иран, го освои сребрениот медал

Алиреза Фируџа, најдобриот шахист од Иран, го освои сребрениот медал на Светскиот шаховски натпревар во Москва, откако се натпреваруваше под глобалното знаме на шаховското тело, ФИДЕ.

Фируџа кој има 16 години одлучи да не игра за својата земја како реакција на забраната на исламската република да се натпреварува против израелските играчи. Иран не го признава Израел, а иранските спортски екипи во изминатите неколку децении имаат политика да не се натпреваруваат против Израелците.

„Честитки до Алиреза Фируџа за фантастичниот сребрен медал. И срамота за сите оние кои сакаат да ја спречат неговата кариера “, објави на Твитер потпретседателот на ФИДЕ, Најџел Шорт.

Фируџа, е втор ирански спортист во последните неколку месеци што се обиде да се откаже од своето државјанство поради државниот притисок врз иранските спортисти да ги прекинат натпреварите со израелските конкуренти

XS
SM
MD
LG