Достапни линкови

Со кредит од 70 милиони евра ќе се реконструираат локални патишта


Илустрација.Автопат.

Mинистерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Kанцеларијата на Светска банка во земјава, Марко Мантованели, потпишаа договор со кој се обезбедуваат 70 милиони евра за рехабилитација, реконструкција и надградба на 450 километри локални патишта во 80 општини во земјава.

Ангеловска изјави дека секој вложен денар во инфраструктурата четирикратно се враќа, затоа што се поттикнува транспортот, трговијата, туризмот и воедно се обезбедуваат подобри услови за живот на граѓаните.

"Проектот е дел од четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка во вредност од 420 милиони евра, која опфаќа инвестиции во инфраструктура, проекти за вложување во човечки капитал, фискална одржливост и одржливост на животна средина“, рече Ангеловска.

Додаде дека средствата се обезбедуваат под исклучително поволни услови, со рок на отплата од 15 години и грејс период од 5 години и каматна стапка од 6-месечен ЕУРИБОР зголемен за фиксен распон, со што сега каматната стапка изнесува 0,15%.

Во Министерството за транспорт и врски е формирана проектна единица за спроведување на проектот, до која општините можат да доставуваат проекти.

XS
SM
MD
LG